Радовишкиот рудник за бакар Бучимм интензивно работи на истражувањата на новото рудно наоѓалиште Кадиицаа во Пехчево. Заменик директорот на Бучимм, Николајчо Николов вели дека во рудникот Кадиица треба да се отворат околу 100 нови вработувања, а на оваа наоѓалиште производството на бакар ќе биде по пат на лужење. Во Пехчево се работи со полн интензитет, морам да кажам дека ние таму вршиме веќе полуиндустриски проби, резулатите се добри и таму е реално да очекуваме во 2013 година да биде готов проектот за деталните геолошки истражувања и проектот за новата фабрика. Таму е многу реално дека 2013 година ќе се работи со полн интензитет. Тој истакна дека се стопирани истражувањата на наоѓалиштето за бакар Боров долл, кое се наоѓа на територијата на општините Конче и Штип, бидејќи очекуваат измени на Законот за минерални суровини.
Радовишкиот рудник за бакар Бучимм интензивно работи на истражувањата на новото рудно наоѓалиште Кадиицаа во Пехчево. Заменик директорот на Бучимм, Николајчо Николов вели дека во рудникот Кадиица треба да се отворат околу 100 нови вработувања, а на оваа наоѓалиште производството на бакар ќе биде по пат на лужење.
- Во Пехчево се работи со полн интензитет, морам да кажам дека ние таму вршиме веќе полуиндустриски проби, резулатите се добри и таму е реално да очекуваме во 2013 година да биде готов проектот за деталните геолошки истражувања и проектот за новата фабрика. Таму е многу реално дека 2013 година ќе се работи со полн интензитет - вели Николов.
Тој истакна дека се стопирани истражувањата на наоѓалиштето за бакар Боров долл, кое се наоѓа на територијата на општините Конче и Штип, бидејќи очекуваат измени на Законот за минерални суровини. Рудникот Бучимм има само еден дел од концесиското подрачје, а со измените на Законот се очекува концесијата да биде проширена на останатото подрачје, каде што се наоѓа и рудното тело. Боров долл , кое треба да обезбеди иднина на рудникот Бучимм. Во моментов единствениот македонски рудник за бакар има рудни резерви за експлоатација до 2020 година.